Wednesday, May 6, 2015

Како да отвориш свој блог

Упатство за регистрација и отпочнување работа со блогови на blogger.com можете да најдете на следниов линк (на англиски јазик):
https://mega.co.nz/#!JJc2hK4T!ZU_uBfWuC-Rc8Bd52y9s7KQEK8GQk6BAOOLk7icZpE0

Кликнете ОВДЕ за да го добиете истио материјал на македонски јазик.

Како се става слика во блогот можете да прочитате на постот од овој блог, кој се наоѓа на
http://kompjuteri-vo-fizika.blogspot.com/2014/05/blog-post.html

Дополнителни насоки за можностите на опциите Template и Layout можете да најдете на

http://sovremena-nastava-fizika.blogspot.com/2014/11/template-layout.html

Како се креираат нови страни во рамките на блогот можете да научите на

http://sovremena-nastava-fizika.blogspot.com/2014/12/blog-post.html

Пријатно блогирање!


Friday, November 7, 2014

CDF


Линкови

На ова место можеш да жј аактивирап симулацијата

Wednesday, September 10, 2014

Дополнителни искуства од блогирањето

Информации за тоа како можете да креирате свој блог на www.blogger.com, можете да најдете на блогот на нашата колешка Аида Петровска http://aidafizika.blogspot.com/

Tuesday, May 27, 2014

Како да се сетира можноста за коментирање

Откако ќе се отвори блогот за едитирање, се оди на Settings, па потоа на Posts and Comments. Овде се појавува рубрика Who can comment. Под неа се отвораат четири можности:
- Anyone (може слободно да коментира секој што ќе го отвори блогот и коментаторот останува анонимен
- Registered users (коментаторот ќе мора претходно да се регистрира за да може да коментира)
- User with Google Account (ќе може да коментираат само оние кои имаат Google account)
- Only members of this account (ќе може да коментираат само членови. Во овој случај сопственикот на блогот прави список од оние кои може да коментираат и тие добиваат известување по e-mail дека ја имаат таа можност)


Wednesday, May 21, 2014

Летен јунски испитен ток

Испитот од предметот Примена на компјутерите во наставата по физика ќе се одржи во следниве термини:

1. рок 2. јуни 2014
2. рок 18. јуни 2014

Испитите почнуваат во 9:00 часот.

Friday, May 16, 2014

Како се става слика во блогот?

Кога ќе кликнете на New post се отвора работната површина за пишување текст во блогот. Над неа се наоѓаат алатките:
- за фонтот: кој фонт, големина, болд, италик, подвлечено, боја ...
- за внесување линкови, видеа ...
- за организација на текстот: порамнување, листа ...

Меѓу другото, тука се наоѓа и алатката за внесување слики:

Со кликнување на неа се отвора ново прозорче со Choose File. Се кликнува на него и се одбира локално, од хард дискот на компјутерот сликата што сакаме да ја вметнеме во блогот. По неколку секунди blogger ја превзема сликата, се кликнува на неа (за да се обележи) и се одбира Add selected, со што сликата е вметната.

Ако станува збор за цртеж во Word, тогаш прво треба да се направи фајл со сликата. За таа цел сликата треба да се превземе од мониторот. Има повеќе начини да се направи тоа.
Еден начин е со Print Scrn, но тогаш треба да се отвори сликата во некој едитор (Paint наједноставно) да се избрише она што не треба и да се сними.
Поедноставен начин е со Snipping tool.
Се оди во All Programs -> Accesories -> Snipping tool. Откако ќе се активира, со курсорот се обележува делот од мониторот што сакаме да го ставиме во слика. Автоматски се отвора прозорче со сликата. Ако треба може да се направат едноставни мали интервенции на сликата, се снима (Save As) и со тоа сликата е спреман за вметнување во блогот.