Кога ќе кликнете на New post се отвора работната површина за пишување текст во блогот. Над неа се наоѓаат алатките:
- за фонтот: кој фонт, големина, болд, италик, подвлечено, боја ...
- за внесување линкови, видеа ...
- за организација на текстот: порамнување, листа ...
Меѓу другото, тука се наоѓа и алатката за внесување слики:
Со кликнување на неа се отвора ново прозорче со Choose File. Се кликнува на него и се одбира локално, од хард дискот на компјутерот сликата што сакаме да ја вметнеме во блогот. По неколку секунди blogger ја превзема сликата, се кликнува на неа (за да се обележи) и се одбира Add selected, со што сликата е вметната.
Ако станува збор за цртеж во Word, тогаш прво треба да се направи фајл со сликата. За таа цел сликата треба да се превземе од мониторот. Има повеќе начини да се направи тоа.
Еден начин е со Print Scrn, но тогаш треба да се отвори сликата во некој едитор (Paint наједноставно) да се избрише она што не треба и да се сними.
Поедноставен начин е со Snipping tool.
Се оди во All Programs -> Accesories -> Snipping tool. Откако ќе се активира, со курсорот се обележува делот од мониторот што сакаме да го ставиме во слика. Автоматски се отвора прозорче со сликата. Ако треба може да се направат едноставни мали интервенции на сликата, се снима (Save As) и со тоа сликата е спреман за вметнување во блогот.
No comments:
Post a Comment