Friday, November 7, 2014

CDF


Линкови

На ова место можеш да жј аактивирап симулацијата

Wednesday, September 10, 2014

Дополнителни искуства од блогирањето

Информации за тоа како можете да креирате свој блог на www.blogger.com, можете да најдете на блогот на нашата колешка Аида Петровска http://aidafizika.blogspot.com/

Tuesday, May 27, 2014

Како да се сетира можноста за коментирање

Откако ќе се отвори блогот за едитирање, се оди на Settings, па потоа на Posts and Comments. Овде се појавува рубрика Who can comment. Под неа се отвораат четири можности:
- Anyone (може слободно да коментира секој што ќе го отвори блогот и коментаторот останува анонимен
- Registered users (коментаторот ќе мора претходно да се регистрира за да може да коментира)
- User with Google Account (ќе може да коментираат само оние кои имаат Google account)
- Only members of this account (ќе може да коментираат само членови. Во овој случај сопственикот на блогот прави список од оние кои може да коментираат и тие добиваат известување по e-mail дека ја имаат таа можност)


Wednesday, May 21, 2014

Летен јунски испитен ток

Испитот од предметот Примена на компјутерите во наставата по физика ќе се одржи во следниве термини:

1. рок 2. јуни 2014
2. рок 18. јуни 2014

Испитите почнуваат во 9:00 часот.

Friday, May 16, 2014

Како се става слика во блогот?

Кога ќе кликнете на New post се отвора работната површина за пишување текст во блогот. Над неа се наоѓаат алатките:
- за фонтот: кој фонт, големина, болд, италик, подвлечено, боја ...
- за внесување линкови, видеа ...
- за организација на текстот: порамнување, листа ...

Меѓу другото, тука се наоѓа и алатката за внесување слики:

Со кликнување на неа се отвора ново прозорче со Choose File. Се кликнува на него и се одбира локално, од хард дискот на компјутерот сликата што сакаме да ја вметнеме во блогот. По неколку секунди blogger ја превзема сликата, се кликнува на неа (за да се обележи) и се одбира Add selected, со што сликата е вметната.

Ако станува збор за цртеж во Word, тогаш прво треба да се направи фајл со сликата. За таа цел сликата треба да се превземе од мониторот. Има повеќе начини да се направи тоа.
Еден начин е со Print Scrn, но тогаш треба да се отвори сликата во некој едитор (Paint наједноставно) да се избрише она што не треба и да се сними.
Поедноставен начин е со Snipping tool.
Се оди во All Programs -> Accesories -> Snipping tool. Откако ќе се активира, со курсорот се обележува делот од мониторот што сакаме да го ставиме во слика. Автоматски се отвора прозорче со сликата. Ако треба може да се направат едноставни мали интервенции на сликата, се снима (Save As) и со тоа сликата е спреман за вметнување во блогот.

Tuesday, May 13, 2014

Некои работи за анимирањето во Power Point

За да му се додели анимација на еден објект, потребно е тој да биде активен, односно маркиран. Тоа се прави со тоа што се кликнува на објектот. Се кликнува на копчето Add Effect при што се товраат четири опции:
- Entrance
- Emphasis
- Exit
- Motion Paths
Ако се одбере Entrance, избраната анимација ќе биде употребена за објектот да се појави во презентацијата.
Со избор на Emphasis, се доделуваат анимации за промена на изгледот на објектот и тоа: големина на фонт, боја на фонт, боја на полнење, боја на линија, зголемување/намалување, ротација и многу други.
Ако се одбере Exit, одбраната анимација ќе се употреби за излегување на објектот од презентацијата, односно напуштање на презентацијата.
Опцијата Motion Paths овозможува да се анимира движење на објектот и тоа по претходно дефинирани патеки или по патека која корисникот сам ќе се ја нацрта (Draw Custom Path). 

Кога не еден објект ќе му се додели анимација, тогаш во списокот со анимации, со десен клик на анимацијата, ќе  се отвори едно мало мени (сл. 1). Она што не' интересира се опциите Effect options и Timing. 
 Сл. 1


Ова прозорче има три јазичиња (таба): Effect (она што во тој момент е отворено), Timing и Text animation.
Со кликнување на Effect се отвора прозорче во кое можеш да се бира дали на објектот да му се додаде звук и дали објектот да се изгуби по анимацијата. Ако станува збор за анимација на текст, тогаш се појавуваат дополнителни опции.
Со кликнување на Timing, се отвораат нови можности (сл. 2). Покрај опцијата Start, која веќе е позната тука се и други.
 Сл. 2
Delay – овозможува да се дефинира колку да задоцни почетокот на анимацијата. Ако се одбере, на пример, 2 s, тогаш по кликнувањето, програмата ќе почека 2 s, па потоа ќе ја стартува анимацијата.
Speed – овозможува да се дефинира времето на извршување на анимацијата. Освен оние стандардни (slow, medium, fast …), овде може да го напише точното времетраењето на анимацијата.
Repeat – се дефинира повторување на анимацијата (2,3,4,5,10 пати, до следниот клик или додека трае слајдот).
Rewind – по завршување на анимацијата го ресетира објектот како што бил на почеток.
Triggers овозможува да се дефинира начинот на стартување на анимацијата. Ако се одбере опцијата Start effect on click of, се отвора мало мени со список на сите објекти кои се на слајдот  (сл. 3). Ако се одбере еден од нив, тогаш во презентацијата анимацијата ќе се стартува кога ќе се кликне на одбраниот објект.
 Сл. 3

На објект кој веќе има анимација, може да му се доделат повеќе анимации. За таа цел, се кликнува на објектот за тој да биде активен и се доделува и сетира втора анимација, како и за првата. Извршувањето на анимациите е по оној редослед по кој се доделуваат.
На објект кој веќе има анимација може и да му се замени анимацијата со некоја друга. За таа цел се кликнува на списокот со анимации. Во тој случај , копчето кое претходно служеше за доделување анимации и се викаше Add Effect, се га се менува и се вика Change. Со изборот на новата анимација старата ќе се избрише и ќе се вметне нова на истото место каде што била претходната.

Thursday, April 10, 2014

Добредојде

Драги колеги,
добредојдовте на блогот за предметот Примена на компјутерите во настават по физика. На овој блог ќе можете да ги добиете сите информации во врска со предметот, а тоа значи, вашите задачи и обврски, термините за часови и консултации, термините за испити и резултати од испити.
Ви посакувам среќна работа!