- Entrance
- Emphasis
- Exit
- Motion Paths
Ако се одбере Entrance, избраната анимација ќе биде употребена за објектот да се појави во презентацијата.
Со избор на Emphasis, се доделуваат анимации за промена на изгледот на објектот и тоа: големина на фонт, боја на фонт, боја на полнење, боја на линија, зголемување/намалување, ротација и многу други.
Ако се одбере Exit, одбраната анимација ќе се употреби за излегување на објектот од презентацијата, односно напуштање на презентацијата.
Опцијата Motion Paths овозможува да се анимира движење на објектот и тоа по претходно дефинирани патеки или по патека која корисникот сам ќе се ја нацрта (Draw Custom Path).
Кога не еден објект ќе му се додели анимација, тогаш во списокот со анимации, со десен клик на анимацијата, ќе се отвори едно мало мени (сл. 1). Она што не' интересира се опциите Effect options и Timing.
Ова прозорче има три јазичиња
(таба): Effect (она што
во тој момент е отворено), Timing
и Text animation.
Со кликнување на Effect се отвора прозорче во кое можеш да се бира дали на објектот да му се додаде звук и дали објектот да се изгуби по анимацијата. Ако станува збор за анимација на текст, тогаш се појавуваат дополнителни опции.
Со кликнување на Timing, се отвораат нови можности (сл.
2). Покрај опцијата Start,
која веќе е позната тука се и други.
Delay – овозможува да се дефинира колку да
задоцни почетокот на анимацијата. Ако се одбере, на пример, 2 s, тогаш по кликнувањето, програмата
ќе почека 2 s, па потоа
ќе ја стартува анимацијата.
Speed – овозможува да се дефинира времето на извршување на анимацијата. Освен оние стандардни (slow, medium, fast …), овде може да го
напише точното времетраењето на анимацијата.
Repeat – се дефинира повторување на
анимацијата (2,3,4,5,10 пати, до следниот клик или додека трае слајдот).
Rewind – по завршување на анимацијата го
ресетира објектот како што бил на почеток.
Triggers – овозможува да се дефинира начинот на стартување на
анимацијата. Ако се одбере опцијата Start effect on click of, се отвора мало мени со список на сите објекти кои се
на слајдот (сл.
3). Ако се одбере еден од нив, тогаш во презентацијата анимацијата ќе се стартува
кога ќе се кликне на одбраниот објект.
На објект кој веќе има анимација, може да му се доделат повеќе анимации. За таа цел, се кликнува на објектот за тој да биде активен и се доделува и сетира втора анимација, како и за првата. Извршувањето на анимациите е по оној редослед по кој се доделуваат.
На објект кој веќе има анимација може и да му се замени анимацијата со некоја друга. За таа цел се кликнува на списокот со анимации. Во тој случај , копчето кое претходно служеше за доделување анимации и се викаше Add Effect, се га се менува и се вика Change. Со изборот на новата анимација старата ќе се избрише и ќе се вметне нова на истото место каде што била претходната.



No comments:
Post a Comment